„Виз Ер“ го поврзува Скопје со шест европски дестинации

Bez autora
Oct 28 2012

Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ од недела почнува со летови од Скопје до шест европски дестинации, со субвенции од македонската Влада. Предвидено е двапати неделно оваа авиокомпанија ќе лета за Ајндховен, Милано, Малме, Минхен и Дортмунд, а три пати неделно до Базел. Првиот лет што ќе го реализира авиокомпанијата е на релацијата Скопје-Ајндховен. Најевтините авиобилети во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе чинат од 8,99 евра до 17,99 евра. Субвенцијата на македонската Влада според тригодишниот договор изнесува 306 милиони денари. Инвестицијата на „Виз Ер“ ќе ги чини 80 милиони долари, а ќе бидат отворени 300 нови работни места. Авиокомпанијата од јануари планира воведување на директни летови до Брисел, Рим и до Барселона.

„Виз Ер“ го поврзува Скопје со шест европски дестинацииНискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ од недела почнува со летови од Скопје до шест европски дестинации, со субвенции од македонската Влада.

Предвидено е двапати неделно оваа авиокомпанија ќе лета за Ајндховен, Милано, Малме, Минхен и Дортмунд, а три пати неделно до Базел. Првиот лет што ќе го реализира авиокомпанијата е на релацијата Скопје-Ајндховен.

Најевтините авиобилети во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе чинат од 8,99 евра до 17,99 евра.

Субвенцијата на македонската Влада според тригодишниот договор изнесува 306 милиони денари. Инвестицијата на „Виз Ер“ ќе ги чини 80 милиони долари, а ќе бидат отворени 300 нови работни места.

Авиокомпанијата од јануари планира воведување на директни летови до Брисел, Рим и до Барселона.

Во првата година предвидено е да има најмалку 120.000 нови патници, односно по 10.000 месечно, најмалку 135.000 во втората година и 150.000 во третата година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik